ПРОМЕНА ВО МОДЕЛОТ НА ЗАКАЖУВАЊЕ Покрај специјалистите од идната година и матичните лекари ќе закажуваат прегледи

Министерот потврди дека не само сега, туку и за време на целиот изминат период додека трае пандемијата, стигнуваат поплаки од граѓаните околу неможноста за реализирање различни клинички прегледи.

728

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека во јануари или февруари идната година во целот ќе се смени системот – и матичните лекари ќе можат да закажуваат прегледи за кои досега ингеренции имаа специјалистите.

Моделот, истакна Филипче, може да се воведе и сега, но тоа нема да биде трајно решение.






Министерот потврди дека не само сега, туку и за време на целиот изминат период додека трае пандемијата, стигнуваат поплаки од граѓаните околу неможноста за реализирање различни клинички прегледи.

– Разговаравме со директорот на радиологија каде што притисокот е најголем, но и со дел од УО на Лекарската комора каде членуваат матичните лекари. Начелно договоривме менување на моделот – не само специјалистите, туку и матичните лекари да закажуваат прегледи кои сега не можат да ги закажуваат. Целосно следната година ќе се смени сликата. Можеме и сега да интервенираме, но нема да биде трајно решение. Во јануари или февруари кога сите апарати ќе бидат инсталирани, тогаш моделот целосно ќе се воспостави – информира Филипче.

Поврзани содржини