ПРОМЕНА ВО КАРИЕРАТА НА СЕВЕРИНА Пејачката станува ТВ водителка, добива своето ток-шоу

Ова не е првпат сплитската пејачка sвезда да се испроба како водителка. Имено, на самиот почеток на кариерата, со Ивана Банфиќ, една година го водеше музичкото шоу Топ Куп на ХРТ.

1,857

Северина има причина за славење овие денови. Откако се врати нејзиниот син Александар, Слободна Далмација објави дека таа наскоро ќе стане телевизиска водителка и ќе добие свое ток-шоу.

Ова е истата телевизија на која кариерата ја продолжува поранешната водителка на шоуто „Провјерено“, Ивана Параџиковиќ. Регионалниот канал со седиште во Бања Лука, поддржан од Игор Додик, син на политичарот Милорад Додик, треба да се вика ТВ Уна.






Телевизијата ќе се емитува преку телеком оператори и Интернет, неофицијално според извори од менаџментот ќе започне со емитување до крајот на годината.

Ова не е првпат сплитската пејачка sвезда да се испроба како водителка. Имено, на самиот почеток на кариерата, со Ивана Банфиќ, една година го водеше музичкото шоу Топ Куп на ХРТ. Тоа беше 1989 година кога Северина имаше само 17 години. Во тоа време, таа патуваше од Сплит за да снима во Загреб, и престана да го снима шоуто бидејќи отиде на турнеја во Австралија.

Поврзани содржини