ПРОМЕНА ВО ГЕРМАНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ Генерал ќе ја предводи „битката“ против ковид-19

Според информациите на „Зидојче цајтунг“ станува збор за генерал-мајор Карстен Бројер. Од 2018 година е на чело на командата за територијални задачи на армијата на германскиот Бундесвер, која е задолжена за соработка на воените сили со цивилните организации.

314

Идната германска влада ќе формира кризен штаб за сузбивање на пандемијата. Тој треба да дејствува брзо. Она што е интересно е дека на чело ќе биде генерал на Бундесверот.

– На чело ќе има германски генерал – објави на Твитер, Кристијан Линднер, претседател на либералите (ФДП) и иден сојузен министер за финансии.






Според информациите на „Зидојче цајтунг“ станува збор за генерал-мајор Карстен Бројер. Од 2018 година е на чело на командата за територијални задачи на армијата на германскиот Бундесвер, која е задолжена за соработка на воените сили со цивилните организации.

Од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот во Германија, велат упатените, 56-годишниот генерал постигнал извонредни резултати, особено кога станува збор за исполнување на барањата за помош што масовно доаѓале до Бундесверот во одредени периоди.

Поврзани содржини