ПРОЛЕТВА МОЖЕ ДА ИМАМЕ СОЈ ОТПОРЕН НА ВАКЦИНИ Д-р Марк Дибул вели дека короната нагло мутира

Се надевам дека грешам овој пат, но мислам дека до март, април или мај ќе имаме варијанта на вирусот што е целосно отпорна на вакцината. Едноставно не смееме да имаме толку ниска стапка на вакцинација во светот бидејќи вирусот се шири како топче за пинг-понг меѓу вакцинираните и невакцинираните, вели д-р Дибул.

1,393

Нов мутиран сој на коронавирусот би можеле да имаме до следната пролет и болеста се шири како топче за пинг-понг без разлика дали сме вакцинирани, смета имунологот Марк Дибул од Универзитетот Џорџтаун, пишува Јутарни.

– Колку побрзо добиеме бустер доза од вакцината, толку ќе биде подобра нашата состојба во следните неколку месеци. За жал, секое предвидување што го имав досега се оствари. Се надевам дека грешам овој пат, но мислам дека до март, април или мај ќе имаме варијанта на вирусот што е целосно отпорна на вакцината. Едноставно не смееме да имаме толку ниска стапка на вакцинација во светот бидејќи вирусот се шири како топче за пинг-понг меѓу вакцинираните и невакцинираните – вели Дибул.






Сепак, Дибул исто така тврди дека сигурно ќе има напредок во терапиите и во вакцините за да се запре масовното ширење на оваа варијанта на вирусот. Некои спрејови за нос исто така би можеле да помогнат во борбата.

– Мислам дека ќе имаме такви производи во наредната година и половина. Долгорочната ситуација ќе биде средена, но следната година и половина може да биде доста тешка за нас – додава тој.

Минатиот месец, политичар Марк Дрејкфорд од Велс рече дека е загрижен дека наскоро може да се појави нова варијанта на коронавирус отпорен на сегашните вакцини.

– Постои можност оваа варијанта на вирусот да се покаже како поотпорна на вакцината од оваа сегашна варијанта – изјави тој.

Германските научници, исто така, претходно предупредија дека постара варијанта на вирусот, наречена варијанта А. 30, исто така може да стане отпорна на вакцините Фајзер и АстраЗенека. Нивниот колега од Америка, пак, познатиот д-р Ентони Фаучи во септември предупреди дека може да пристигне „монструозна варијанта на вирусот“ во споредба со која делта-сојот ќе изгледа слаб.

– Секогаш постои ризик дека, колку повеќе вирусот циркулира во општеството, толку повеќе ќе се појавуваат нови мутации кои значително ќе се разликуваат од сегашната варијанта на вирусот која е присутна – рече Фаучи.

Поврзани содржини