ПРОЛЕТТА ПРИСТИГНА СО ЗИМСКО УТРО На Попова Шапка се измерени -9 степени

Пролетта пристигна во 04.06 часот и ќе трае до 20 јуни во 22.50 часот кога започнува летото.

338

Пролетта  започна денеска во 04.06 часот, додека во исто време ќе започне есента за жителите на јужната хемисфера.

На денот на почетокот на пролетта, сонцето во Македонија изгреа во 05.36 часот, а ќе зајде во 17.46 часот.






На денот на пролетната рамноденица денот и ноќта не се со еднаква должина, бидејќи атмосферата на Земјата навидум го издигнува Сонцето над хоризонтот.

Во иднина деновите ќе станат подолги, а почетокот на летото во 2024 година ќе биде порано – најдолгиот ден годинава ќе биде 20 јуни, кога летото ќе започне во 22.50 часот.

Наредниот викенд (31 март) ќе се премине на летното сметање на времето.

На Попова Шапка утрово е измерена најниска темепратура од -9 степени. Следат Маврови Анови со -6 степени, -5 Крушево, -4 Крива Паланка, Берово, -2 Претор, Битола, -1 Скопје-Петровец, Виница, Охрид, Прилеп, Тетово, 0 Струмица, Штип, 1 Демир Капија, Кавадарци, 2 Скопје-Зајчев Рид, 3 Велес и Дојран и 5 степени во Гевгелија.

За изминатите 24 часа до 07 часот најмногу воден талог наврнал во Битола – 5 л/м2, потоа 3 л/м2 во Берово, Крушево и Охрид, 2 Претор и 1 л/м2 на Попова Шапка, Кавадарци, Пожар, Прилеп, Тополчани, Тетово, Пожаране и во Маврови Анови.

Утрово е студено, преку денот ќе биде  сончево со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

 

Поврзани содржини