ПРОЛЕТТА ЌЕ ПАУЗИРА, ЦИКЛОН ЌЕ ДОНЕСЕ ОБИЛЕН ДОЖД И СНЕГ ПРЕД ВИКЕНДОТ Ќе дува северец, па силен јужен ветер
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, од задутре следува заладување, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Најстудено ќе биде во Берово, каде утринската температура ќе се спушти до минус 3 степени, а најтопло во Скопје и во Гевгелија, со температура до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје утре времето ќе променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 3 степени наутро, до 19 степени преку денот.
Во четврток преку денот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од јужен правец.
Од вечерните часови Македонија ќе потпадне под влијание на циклонска активност која ќе услови период на нестабилно и постудено време со локални врнежи од дожд.
Пообилни врнежи ќе има во петок, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи.
Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
