ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени
Утринска магла по котлините и температури до 20 степени, стабилно време низ земјава.
Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 0 во Берово до 6 во Гевгелија, а максималните дневни од 11 во Маврово и 20 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 19 степени.
В среда нѐ очекува променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -1 степени до 5 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 13 степени до 18 степени.
Според прогнозата на УХМР, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 1 степени до 7 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 12 степени до 18 степени.