ПРОЛЕТНО СОНЦЕ СО СВЕЖ СЕВЕРЕН ВЕТЕР Дождот утре ќе престане, но ќе студи
Од УХРМ предупредуваат дека во Повардарието и во источните делови брзината на ветерот ќе достигне над 70 km/h.
Во текот на денешниот ден не очекува претежно сончево и потопло време со мала до умерена облачност.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во рано утро, во крајните источни региони се очекува појава на слаб локален дожд, но тој ќе престане уште во првите утрински часови.
– Преку денот ќе преовладува стабилно време со пораст на температурите, додека северниот ветер ќе биде умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен, со удари над 70 km/h – велат од УХРМ.
Минималните утрински температури ќе се движат од 0 во Маврово до 11 во Гевгелија, а максималните дневни од 14 во Маврово и 24 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје се очекува сончево и потопло време со мала до умерена облачност, како и умерен до засилен северен ветер што ќе ги освежува граѓаните во текот на денот.
Температурата во главниот град ќе се движи од 17 до 24 степени.