ПРОЛЕТНА ГЕНЕРАЛКА Повеќе од 20 илјади волонтери ќе ја чистат Македонија
На 9, 10 и 11 мај, по петти пат ќе се случи најголемата годишна национална акција за собирање отпад – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Со поддршка на Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ, за првпат, ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ќе биде вклучена и во едукативниот проект „Еко час“.
Претстојниот викенд, на 9, 10 и 11 мај, по петти пат во Македонија ќе се одвива најголемата годишна национална акција за собирање отпад – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД (волонтерска акција од граѓаните за граѓаните), создадена од Мен енд Маунтен, заедно со главниот стратешки партнер Пивара Скопје и официјалните партнери: Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе банка, ЕВН Македонија, Макстил, Бучим Боров Дол, Саубермахер и Костал.
Акцијата е поддржана и од ЗЕЛС, Црвен крст и Министерство за животна средина. Над 20.000 волонтери ќе ја чистат нашата татковина на повеќе од 500 локации во сите општини низ земјава, вклучувајќи над 600 организации, институции и компании, еколошки, граѓански, спортски здруженија, пензионерски организации, јавни институции, локални и урбани заедници, градинки, училишта, факултети, волонтери и национални паркови.
Официјалното отворање на тридневната национална акција за чистење отпад – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ќе се случи на 9 мај на Скопскиот Аквадукт со почеток во 9 часот. Повеќе од 200 волонтери ќе ја исчистат околината на овој исклучително важен историски споменик.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.