ПРОКЛЕТСТВОТО НА ТИТАНИК ПРОДОЛЖУВА Сопругата на капетанот на исчезнатата подморница е правнука на славната двојка од потонатиот брод
Венди Раш, сопруга на капетанот на подморницата, Стоктон Раш, е и правнука на Исидор и Ида Штраус, двојката која загинала на Титаник, а нивната трагична љубовна приказна беше овековечена и во филмот „Титаник“.
Дали е само случајност или чудна судбина? Подморницата што исчезна на патот до Титаник, има една необична врска што ја поврзува со потонатиот брод. Венди Раш, сопруга на капетанот на подморницата, Стоктон Раш, основач и директор на OceanGate е и правнука на патниците кои загинаа на Титаник, пишува Би-Би-Си.
Станува збор за Исидор и Ида Штраус кои патувале во прва класа на Титаник, а споменати се дури и во филмот Титаник.
Имено, Штраус како сопственици на тогаш познатата стоковна куќа Мејси, биле едни од најбогатите патници на Титаник. Тие станаа познати и по нивната хуманост и трагичната љубовна приказна.
Според сведочењата на преживеаните патници од Титаник, Исидор Штраус одбил да влезе во чамецот за спасување додека не влезат сите жени и деца, Ида, неговата 40-годишна сопруга, не сакала да замине без него. Како што напиша Њујорк Тајмс, тие веројатно се најпознати по нивната трагична љубовна приказна.
Потоа, двајцата биле видени како стојат рака под рака на палубата на Титаник додека бродот тонел. Во филмот „Титаник“, тие се прикажани како двојка прегрнати во кревет како ја чекаат смрт додека водата навлегува околу нив.
Според архивите на Њујорк Тајмс, телото на Исидор било извлечено од морето околу две недели по потонувањето. Посмртните останки на Ида никогаш не се пронајдени.
Isidor (co-owner of Macy’s department store) & Ida Strauss were #Titanic passengers. He wanted his wife to go to the lifeboat N°8, but she refused, saying: “We have lived together for many years. Where you go, I go”. They lost their lives in the sinking.#Titanic111 #Titanic2023 pic.twitter.com/UQD0MsEPuN
— Meriadec Villers (@MeriaRmsTitanic) April 18, 2023
Нивната правнука Венди Раш, претходно Венди Холингс Веил, се омажила за Стоктон Раш во 1986 година. Таа е директорка за комуникации во OceanGate и, според нејзината страница на LinkedIn, досега три пати била на потонатиот брод Титаник. Сега во неизвесност чека вест за судбината на својот сопруг и на другите четворица патници на исчезнатата подморница на патот до Титаник.
Драмата околу исчезнатата подморница трае неколку дена. Петмина богати туристи тргнале во авантура која требало да ги однесе до потонатиот брод Титаник. Подморницата добро тргнала, а потоа, во неделата, и се губи секоја трага.
Залихите со кислород во подморницата се доволни за четири дена, што значи дека денеска е критичен и последен ден кога се во прашање нивните животи. Засега се уште не е јасно зошто исчезнала подморницата.
Искусните нуркачи претпоставуваат дека таа се заплеткала во каблите на Титаник. Екипажот се состои од извршниот директор на OceanGate, Стоктон Раш, британскиот милијардер Хајмиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шазада Давуд и неговиот син Сулеман и францускиот истражувач Анри Наргелоа.