ПРОКЛЕТСТВО, МЕ РАЗМНОЖУВАТЕ СЕКОЈА ГОДИНА! Ријана полуде по објавите дека е бремена (ФОТО)
Како што пишуваат странските медиуми, таа е бремена и го чека своето прво дете со музичарот Асап Роки.
Светски познатата музичка ѕвезда Ријана со денови е во центарот на вниманието на јавноста откако осамна веста дека пејачката наводно е бремена.
Како што пишуваат странските медиуми, таа е бремена и го чека своето прво дете со музичарот Асап Роки, а некои изјавија дека ја оддал токму трудничкиот стомак кој веќе јасно се гледа. Друг извор за еден странски весник открил дека персоналот наводно е предупреден да не пие алкохол или да пуши во истите простории каде што се движи пејачката.
View this post on Instagram
Сега, една обожавателка по име Џен по тој повод ѝ испратила порака на Ријана на Инстаграм, на која пејачката ѝ одговорила.
„Може ли да дојдам на откривањето на полот, сестро? Без разлика дали е вистина или не, твоите бебиња ќе бидат прекрасна. Жал ми е што сега сите ѕиркаат во твојата матка“, ѝ порачала таа на пејачката, а Ријана на шега ѝ одговорила:
„Хааа! Достаа! Не беше на првите 10 прослави за бебето! Ме размножувате секоја година, проклетство!“
Ова е шеста година по ред како ја читаме веста дека пејачката е бремена, со што и официјално стана единствената жена на светот која е постојано бремена, се пошегуваа фановите на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм