Производителите на вино и малите винарии по намалени цени ќе може да се регистрираат

Ова намалување на надоместокот, како што соопшти владината прес-служба, нема да ги намали приходите во буџетот на Државниот инспекторат за земјоделство

282

Владата даде согласност на измените на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство, со кои се олеснуваат условите и се намалува надоместокот за упис во регистарот на производители на вино за физички лица и мали винарски визби.

На вчерашната 71-ва седница Владата ја намали висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство од 10.000 денари на 1.500 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино до 30.000 литри годишно и 5.000 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино над 30.000 литри.






Ова намалување на надоместокот, како што соопшти владината прес-служба, нема да ги намали приходите во буџетот на Државниот инспекторат за земјоделство, туку напротив, ќе ги зголеми заради интересот на околу 100 физички лица и мали винарии да се регистрираат во регистарот на производители на вино.

Поврзани содржини