Производителите на вакцини бараат одобрување на трета доза, имаат сериозна причина за тоа!

Американската администрација за храна и лекови има намера да ја одобри вакцината на „Фајзер“ до почетокот на септември, објави Њујорк тајмс.

443

Производителите на вакцината „Фајзер“ поднесоа барање до американските и европските регулатори за одобрување на третата доза од нивната вакцина против ковид-19, врз основа на докази за поголем ризик од инфекција шест месеци по вакцинацијата.

„Модерна“, исто така, поднесе барање до американските регулатори за целосно одобрување на трета доза од нивните вакцини, пишува Ројтерс.






Американската администрација за храна и лекови има намера да ја одобри вакцината на „Фајзер“ до почетокот на септември, објави Њујорк тајмс.

Светската здравствена организација (СЗО), во меѓувреме, повика да се запре третата доза вакцина против ковид-19 барем до крајот на септември за да се овозможи вакцинирање на најмалку 10 проценти од населението во секоја земја.

Засега нема коментари од научниците и експертите, како и од СЗО, дека е потребна трета доза од вакцините против коронавирусот.

Поврзани содржини