ПРОИЗВОДИ ЗА НЕГА НА ЛИЦЕ Купете производи во вредност над 999 денари во dm и добијте подарок ebelin гуа ша камен!

Во рамки на кампањата „Штедам, негувам, добивам!“, со купување производи за нега на лице во вредност над 999 денари во која било dm продавница, добивате подарок - ebelin гуа ша камен за лице од розов кварц.

30

Негата на лицето е повеќе од секојдневна рутина – таа е време посветено на себе, на убавината и на чувството на свежина и самодоверба. Токму затоа, dm подготви понуда што ги спојува поволните цени, квалитетната нега и дополнителното уживање во секојдневните ритуали за нега и убавина.

Во рамки на кампањата „Штедам, негувам, добивам!“, со купување производи за нега на лице во вредност над 999 денари во која било dm продавница, добивате подарок – ebelin гуа ша камен за лице од розов кварц.






Овој камен за масажа на лице е идеален за релаксирачка и ревитализирачка нега на кожата. Изработен е од розев кварц и има посебно обликувана површина која овозможува удобно користење на различни делови од лицето. Може да се користи самостојно, но и за соодветно нанесување на серуми, масла и креми за лице, со што секојдневната рутина на нега станува уште попријатна. Дополнително, производот доаѓа со практична торбичка за чување изработена од 100 отсто памук.

Покрај dm марките, во продавниците се достапни и производи од Garnier, Mixa, Hada Labo, Ziaja, L’Oréal и многу други брендови. Во dm купувачите можат на едно место да изберат производи за нега кои најдобро одговараат на нивните потреби и навики, по секогаш поволни цени.

Од dm марката Balea, овој месец ќе го издвоиме маслото за чистење лице по цена од 159 денари. Овој производ овозможува брзо и ефикасно отстранување дури и на водоотпорна шминка, а неговата формула со арганово масло овозможува нежно чистење без да ја суши кожата. Производот е без парфем и е особено погоден за сува кожа. Balea маслото за чистење е наменето за лице, очи и усни и помага во отстранување на шминката, нечистотиите и наслагите, без да остава масен слој. Истовремено, ја одржува природната рамнотежа на влажноста на кожата, а неговата компатибилност е дерматолошки и офталмолошки потврдена.

 

Во понудата е и Balea Q10 ENERGY 24H кремот за нега на лице по цена од 179 денари. Овој крем е погоден и за дневна и за ноќна нега, а особено е наменет за кожа на која ѝ е потребна енергија, хидратација и нега против брчки. Благодарение на коензимот Q10 и витамините Ц и E, кремот помага во хидратација на кожата, придонесува за ублажување на фините линии и брчки и ѝ дава свежина и виталност на уморната кожа. Формулата делува антиоксидативно, ја поддржува природната бариера на кожата и придонесува за поголема еластичност и поубав, поизедначен изглед на тенот. Дополнително, овој крем е погоден и како подлога за шминка.

Од другите брендови, достапна е и Garnier Skin Naturals мицеларна вода за чувствителна кожа по цена од 245 денари. Оваа мицеларна вода е наменета за чистење на нормална и чувствителна кожа и претставува едноставно решение за отстранување на шминката и нечистотиите од лицето, очите и усните. Производот е без парфем, што го прави особено погоден за чувствителна кожа, а по употребата кожата останува чиста, свежа и со природен сјај.

 

Ќе го издвоиме и Hada Labo Tokyo Premium Super Deep Hydrator лосионот за лице по цена од 849 денари. Овој лосион за лице се базира на оригинална јапонска формула и содржи пет различни видови хијалуронска киселина, меѓу кои и супер хијалуронска киселина, кои придонесуваат за длабинска хидратација и нега на кожата. Производот помага во враќање на мазноста и мекоста на лицето, го поддржува одржувањето на оптималното ниво на влага во кожата и придонесува за посвеж и поизедначен изглед. Со редовна употреба, лосионот помага во обновување на кожата, спречување на дехидратација и ублажување на појавата на фини линии и знаци на замор.

 

За поинтензивна нега на знаците на стареење, во dm е достапен и L’Oréal Paris Revitalift Laser серумот за лице по цена од 995 денари. Овој серум е наменет за корекција на знаците на стареење и уште при нанесувањето ѝ дава на кожата чувство на мекост и хидратација. Неговата лесна текстура брзо се впива, а интензивно ја хидрира кожата. Формулата содржи три вида пептиди кои помагаат во измазнување на фините линии и брчки, придонесуваат за поцврста кожа и поддржуваат подобра еластичност. Дополнително, хијалуронската киселина придонесува за интензивна хидратација и обновување на кожата, додека витаминот Ц помага тенот да изгледа поизедначено и посјајно. Со редовна употреба, кожата изгледа поцврста, поизмазнета и посвежа.

Без разлика дали станува збор за чистење, хидратација, освежување или интензивна нега, во dm продавниците купувачите можат да најдат разновидна понуда на производи за лице кои одговараат на различни потреби и типови кожа. Со оваа понуда, секојдневната рутина на нега станува уште поубава, а со подарокот ebelin гуа ша камен, моментите посветени на себе добиваат дополнителна вредност. Посетете ги dm продавниците и одберете ги вашите омилени производи за нега на лице по секогаш поволни цени.

 

Поврзани содржини