Произведувале масло од канабис, ама вишокот марихуана го шиткале на црно

Според обвинението, Л.С. кој е во бегство, заедно со В.К., Т.С. и Р.К. од 16 до 19 декември минатата година неовластено заради продажба пренеле 58.980 грама марихуана и волумен од околу 900 милилитри хашиш масло.

392

Албански, македонски и косовски државјанин се обвинети дека сакале да продаваат марихуана на црниот пазар, соопшти денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кое поднело Обвинителен акт за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. ст.1од Кривичниот законик.

Според обвинението, Л.С. кој е во бегство, заедно со В.К., Т.С. и Р.К. од 16 до 19 декември минатата година неовластено заради продажба пренеле 58.980 грама марихуана и волумен од околу 900 милилитри хашиш масло.






Дрогата била подигната од објект што го користело лиценцирано правно лице Друштво за производство, трговија и услуги „5 Летерс“ ДОО Скопје, чија дејност е одгледување канабис за медицинска намена и производство на екстракт од канабис лоциран во селото Алданци, Крушевско и била пренесена до изнајмена викендичка во атарот на селото Врбоец.

Обвинетиот Л.С. неофицијално бил назначен за управител на правниот субјект „5 Летерс“ и му биле доверени клучевите од сефот во кој се чувала сувата материја. Еден месец пред критичниот настан, тој неформално го ангажирал обвинетиот В.К. и го назначил како одговорно лице во фабриката за да ги контролира и координира вработените. При контрола на магацинскиот простор В.К. утврдил дека одредена количина марихуана не е внесена во евиденциите на правното лице и се договориле со Л.С. да ја сокријат во таванот над магацинот и во погоден момент да ја изнесат со цел неовластено да ја продадат.

В.К. по насоки на Л.С. ги ангажирал обвинетите Т.С. и Р.К. кои непријавени работеле во правното лице „5 Летерс“ без регулиран статус и сите заедно направиле план за безбедно изнесување на дрогата. Обвинетиот В.К. од магацинот каде се чувал екстракт од канабис изнел и една тегла хашиш масло со волумен од 900 милилитри и му ја предал на обвинетиот Т.С. кој неовластено ја држел во мотелската соба во која престојувал. Наредниот ден Л.С., во непосредна близина на фабриката, во атарот на село Врбоец, закупил викендичка каде обвинетите требало да ја пренесат и да ја чуваат марихуаната. Секој добил конкретни инструкции и задачи од Л.С., па за време на паузата на вработените тие предизвикале прекин во мониторинг системот од безбедносните камери, ја симнале марихуаната спакувана во проѕирни најлонски кеси од таванот и ја сместиле во шест големи црни најлонски вреќи, а потоа ја натовариле во џип „лексус“ со швајцарски регистарски ознаки и ја пренеле и сместиле во викендичката.

По завршување на работното време Л.С. ги пренел обвинетите во викендичката каде обвинетиот Т.С. требало да остане да ја чува дрогата до наредниот ден кога требало да биде преземена. На 19.12.2020 година при претрес на викенд куќата, дрогата е пронајдена, а лицата се лишени од слобода. При претрес на други локации каде престојувале обвинетите се пронајдени помали пакувања дрога спакувани за неовластена продажба.

Предметниот јавен обвинител поднел и Посебен предлог со кој му предложил на Основниот кривичен суд – Скопје спрема обвинетите да ја продолжи мерката притвор.​

 

Поврзани содржини