ПРОИЗВЕДЕНИ БИЛЕ 12.797 MWh СТРУЈА Вчера не се купувало за домаќинствата и за малите потрошувачи

94

АД ЕСМ информира дека вчера произведe 12.797 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволиле потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи, соопштија денеска од владината прес-служба.

Во термоелектраните произведени се 8.472 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.325 MWh.






„Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.940 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата“, се појаснува во соопштението.

Се додава дека податоците се преземени од диспечерски извештај на АД ЕСМ за 03.12.2022 година.

Поврзани содржини