ПРОИЗВЕДЕНА ПРВАТА ЕВРОПСКА БАТЕРИСКА ЌЕЛИЈА „Нортволт“ првата батерија ќе ја направи на новогодишната ноќ

Норвешката компанија веќе има потпишано договори за снабдување со клиенти како што се BMW, Fluence, Scania, Volkswagen, Volvo Cars и Polestar, со вкупна вредност која надминува 30 милијарди евра. 

652

Шведската компанија „Нортволт“ денеска објави дека ја произвела првата батериска ќелија во нова фабрика за производство во северниот дел на земјата, нагласувајќи дека таа е целосно дизајнирана, развиена и произведена на европско тло.

Ќелијата во облик на призма излезе од производната линија вчера, соопшти компанијата.






Извршниот директор на „Нортволт“, Питер Карлсон, го најави почетокот на производството оваа година, „дури и ако тоа значи дека првата батерија ќе биде направена на новогодишната ноќ“.

„Работата на самиот погон ќе продолжи следната година, кога се очекуваат првите комерцијални испораки“, се вели во соопштението на компанијата.

Фабриката се наоѓа во индустрискиот град Скелефтеи, кој го доби прекарот „Златен град“ благодарение на долгата рударска традиција во регион богат со минерални ресурси.

Фабриката на „Нортволт“ треба да развие производствен капацитет од 60 гигават-часови и да и обезбеди на компанијата удел од 20 до 25 отсто од европскиот пазар на батерии до 2030 година.

„Нортволт“ веќе има потпишано договори за снабдување со клиенти како што се BMW, Fluence, Scania, Volkswagen, Volvo Cars и Polestar, со вкупна вредност која надминува 30 милијарди евра.

Поврзани содржини