Програмерите и во март најплатени, во просек зеле плата од 70.551 денар

Просекот на исплатена нето плата во март на ниво на држава, според податоците на Државниот завод за статистика достигна 28.217 денари.

620

Податоците на Државниот завод за статистика за исплатените просечни нето плати во март покажуваат дека и натаму на врвот се платите на програмерите на кои во просек им се исплатени 70.551 денари. На дното, пак, се палатите на работниците во кожарската индустрија каде што просекот е 16.016 денари. Под 20.000 плата зеле и текстилците кои произведуваат облека на кои им е исплатена просечна плата од 17.762 денари, а најзасегантите дејности од пандемијата: туризмот и угостителството во март исплатиле просечна плата од 17.280  до 17.921 денари.

Статистика пресмета деа во март просечната нето-плата по вработен пораснала за 6,8 отсто  и изнесува 28.217 денари.






Според ДЗС ваквото зголемување на просечната плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „ уметност, забава и рекреација“ за 17,9 отсто, „дејности на здравствена и социјална заштит“а за 12,3 отсто и „информации и комуникации“ за 12,1 отсто.

Зголемување на просечната месечна нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „рударство и вадење на камен“ за 14,9 отсто, „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 5,3 отсто и „градежништво“ за четири отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика,  просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во  март 2021 година изнесува 42.097 денари.

 

 

Поврзани содржини