Програмер од Бугарија секој ден му пишувал на Илон Маск, а по 154-от ден добил порака дека можеби нема да биде тужен (ФОТО)

„Можеш да ни го украдеш името/логото и веројатно нема да те тужиме“, одговорил Маск во свој стил.

19,631

Бугарскиот програмер Љубомир Владимиров е можеби најупорниот програмер на светот. Тој на Твитер го прашал Илон Маск дали може да го користи неговиот лик и лого за видео-играта која ја развива.

Инаку, играта се заснова на компанијата „SpaceX“ на Маск и планот за колонизација на Марс во која Илон би бил еден од ликовите.






„Драг Илон. Јас сум девелопер на видео игри и моментално работам на една во која сте вие и ‘SpaceX‘. Ако мислите дека тоа е во ред, сè што ми треба е вашата потврда дека смеам да го користам вашето име и лого. Ќе го објавувам ова цела година, секој ден додека не добијам одговор. 154/365“, напишал програмерот, со тоа означувајќи ја 154-та објава.

По 22 недели, односно по 154 дена, милијардерот конечно му одговорил:

„Можеш да ни го украдеш името/логото и веројатно нема да те тужиме“, одговорил Маск во свој стил.

По ваквата објава, Владимиров одговорил дека веднаш се фаќа за работа, но и му рекол дека ќе му плати 80 отсто од профитот доколку видео играта навистина биде успешна.

Поврзани содржини