Проговори нова жртва на професорот по глума: Имав 8 години, а тој ме лижеше!
Професорот ја лижел и ѝ ги допирал со прсти нејзините интимни делови. Ѝ рекол дека ако сака да биде актерка, треба да биде подготвена на сè.
Се појави нова жртва на српскиот професор Мирослав Мика Алексиќ. Студентка по глума, викендов на полицијата ѝ раскажала дека Алексиќ сексуално ја злоставувал кога имала само осум години.
Како што пишуваат српските медиуми, таа рекла дека злоупотребата започнала во 2005 година и детално опишала како Алексиќ ја соблекол гола.
Жртвата на Алексиќ дошла во полиција во придружба на нејзиниот адвокат. Таа едвај собрала храброст да раскаже што ѝ се случило, но решила да го стори тоа кога видела дека Мика, освен актерките Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ, сексуално искористил две девојчиња на возраст од 10 и 13 години. Според нејзиното сведочење, Алексиќ ја однел во канцеларија и ја натерал да легне на масата. Потоа тој ја лижел и ѝ ги допирал со прсти нејзините интимни делови. Ѝ рекол дека ако сака да биде актерка, треба да биде подготвена на сè.
Злоупотребата се повторувала неколку пати. Девојката многу се плашела од осомничениот професор и поради тоа досега не се осмелила да каже никому ништо.