ПРОГОНОТ НАРАЧАН ОД ЗОРАН ЗАЕВ ЗАВРШИ БЕЗ УСПЕХ Отфрлено е обвинението дека сум одал службена тајна, објави новинарот Љупчо Златев
По 5 години кривичен прогон кој беше нарачан, оркестриран и спроведен од Виктор Димовски, Зоран Заев и длабоката држава во ОЈО - ова утро сум ослободен – напиша Златев.
По подолга постапка, новинарот Љупчо Златев, уредник и сопственик на Радио Лидер, денеска е ослободен од обвинението за одавање службена тајна, според член 360 од Казнениот Законик, објави самиот Златев на својот профил на Фејсбук.
„Имено, по 5 години кривичен прогон кој беше нарачан, оркестриран и спроведен од Виктор Димовски (кој на телевизија излажа дека сум осуден), Зоран Заев и длабоката држава во ОЈО – ова утро сум ослободен! Соочени со фактите, на рочиштето утрово, од ОЈО Скопје се повлекоа од обвинувањата за одавање службена тајна по член 360 од кз на РМ.
Поучени од одлуките на Европскиот суд за човекови права, извештајот на Стејт Департментот во кој бев споменат, и фактичката состојба презентирана од мојот генијален адвокат – обвинителите одлучија да го повлечат обвинението. Им благодарам на сите за поддршката“ – напиша Златев во објавата,
Тој додава дека „како вистински патриоти, се откажуваме од трошоците за постапката“.
„Парите ќе му ги барам лично на Виктор Димовски. Не е народот виновен што тој го злоупотребуваше системот за политички прогон“ – напиша Златев.