ПРОГЛАСЕНИ ЗА ВИНОВНИ Холивудската актерка и нејзиниот сопруг осудени за силување на девојче

Зара и Виктор го тероризирале девојчето три години во периодот од 2005 до 2008 година, а жртвата била малтретирана „еднаш или двапати месечно“ најмалку 20 пати во различни наврати кога по правило ја опивале со рум.

1,005

Холивудската актерка Зара Фитијан (36), најпозната по улогата во филмот „Доктор Стрејнџ“ од универзумот на „Марвел“, денеска беше прогласена за виновна за сексуални престапи со деца и осудена на затвор.

Актерката и нејзиниот сопруг Виктор Марк (59), мајстор во теквондо, заедно се обвинети по 14 точки, кои вклучуваат различни видови сексуална злоупотреба на 13-годишно девојче.






Зара и Виктор го тероризирале девојчето три години во периодот од 2005 до 2008 година, а жртвата била малтретирана „еднаш или двапати месечно“ најмалку 20 пати во различни наврати кога по правило ја опивале со рум.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NewsCop (@newscop_media)


Покрај заедничките обвиненија, сопругот на Зара е обвинет и за уште четири точки од обвинението за напад на друго девојче, тогаш 15-годишно, меѓу 2002 и 2003 година.

Двојката ги отфрли сите обвиненија, но поротата ги прогласи за виновни по 12-дневното судење пред судот во Нотингем. Двојката се држела за раце на обвинителна клупа додека им била изречена казната, а актерката имала солзи во очите и ужасен израз на лицето, пренесува „Дејли мејл“.

Британските медиуми тврдат и дека самиот почеток на врската на Виктор и Зара е проследен со слична шема на додворување, односно примамување во врска, што тие го користеле при злоупотреба на оваа жртва.

Зара и Виктор се запознале кога актерката имала 14 години, а тој 37, кога таа почнала да го посетува неговото спортско Училиште за шампиони.

Имале сексуални односи кога Зара наполнила 19 години, а откако ја откриле врската, Виктор се развел од тогашната сопруга Џулиета. Во тоа време, тој бил еден од водечките тренери за боречки вештини во Британија и дури бил на чело на Светскиот конгрес на здруженија за боречки вештини.

 

На судењето беа презентирани некои бизарни детали, како што е фактот дека Зара на 17 години поминала древна церемонија во кинескиот храм Шаолин, на која го прифатила Виктор за свој „господар“. Таа се поклонила пред него, рецитирала традиционални стихови и му се заколнала на верност, ветувајќи дека ќе направи сѐ што ќе побара од неа, дури и ако тоа е спротивно на нејзините сопствени вредности.

– Еднаш кога ќе прифатите некого за свој господар, мора да го слушате што ќе бара од вас да правите или кажете. Како да сте роб затоа што сте на милост и немилост на својот господар. Не треба да размислувате со своја глава затоа што ваш Бог е господарот. Виктор ја користеше својата моќ како мајстор за боречки вештини за да доминира и да ги контролира младите девојки – рекол неименуван извор кој своевремено тренирал со оваа двојка.

Друг извор кој го познава парот истакна дека Зара веќе имала црн појас кога почнала да ја посетува академијата на Виктор и дека била одличен борец.

– На почетокот посвети многу време и енергија на нејзиниот развој. Очигледно беше дека таа му е омилена ученичка и ја обожаваше земјата по која одеше. Беше многу чудно кога дознавме дека се заедно, најмногу поради разликата во годините. Џулиета беше уништена затоа што остана сама да им го одгледува детето – рекол тој.

За време на полицискиот распит Зара Фитијан рече дека девојката која ја поднела тужбата „измислила сѐ“.

– Сексуалната активност што таа ја опиша не се случила и е измислена. Јас не сум педофил ниту силувач, ниту пак, Виктор. Сега се чувствувам лошо и лута сум – рекла Зара.

Поврзани содржини