ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ПЕРУ Со Денга треска заразени 31.300 лица

Денгата, која главно се пренесува со каснување од заразени комарци, предизвикува симптоми како треска, гадење, повраќање, замор и болки во телото. Повеќето случаи забележани досега во Перу се на северот на земјата, каде болниците се веќе преполни.

164

Перу вчера прогласи вонредна состојба во поголемиот дел од земјата откако топлотниот бран и обилните дождови доведоа до пораст на случаите на Денга треска.

Бројот на починати од вирусот во оваа јужноамериканска земја годинава се зголеми на 32 – изјави вчера министерот за здравство Цезар Васкез.






Според него, вкупниот број на случаи во првите 8 недели од оваа година се зголеми на 31.300.

-Перуанската влада вчера го одобри предлогот за прогласување вонредна состојба. Има 20 региони, од 25, во кои ќе биде прогласена здравствена вонредна состојба поради Денга – им соопшти Васкез на новинарите, неколку часа откако кажа дека избивањето на епидемијата на Денга е „неминовно“.

Со декларација се зголемуваат ресурсите за здравствени услуги во погодените области.

Денгата, која главно се пренесува со каснување од заразени комарци, предизвикува симптоми како треска, гадење, повраќање, замор и болки во телото. Повеќето случаи забележани досега во Перу се на северот на земјата, каде болниците се веќе преполни.

-Времето создаде совршена почва за комарците да се размножуваат побрзо и да станат почест пренесувач на болести – рече Васкез.

Минатата година во Перу од Денга треска починале 428 лица, а според официјалните податоци биле заразени 269.216 лица.

Поврзани содржини