Профитот на „Адидас“ опадна за 93 проценти

Оперативната добивка за првиот квартал падна на 65 милиони евра, нешто под очекувањата на аналитичарите од 263 милиони евра.

314

„Адидас“ објави пад од 93 проценти во заработката во првиот квартал и пад на приходите од продажба од 19 проценти, со што не успеа да ги исполни очекувањата на аналитичарите.

Покрај тоа, германскиот производител на спортска облека предупреди дека очекува натамошен пад на приходите во вториот квартал поради блокадите што го принудија него и другите трговци на мало да ги затворат продавници, пренесува „Ројтерс“.






Оперативната добивка за првиот квартал падна на 65 милиони евра, нешто под очекувањата на аналитичарите од 263 милиони евра.

Од „Адидас“ тврдат дека претрпеле удар од околу 250 милиони евра, како резултат на непродадени количини на стоки во Кина, Тајван, Хонг Конг и Макао, поради откажувањето на нарачките и други фактори.

Приходите се намалија на 4,75 милијарди евра, во споредба со очекувањата на аналитичарите од 4,85 милијарди евра, покажуваат податоците на „Refinitiv Eikon“. Компанијата предупреди на потенцијален пад од 40 проценти во вториот квартал.

Акциите на „Адидас“ забележаа намалување од 1,2% пред почетокот на трговската сесија, а од почетокот на пандемијата загубија повеќе од една третина од нивната вредност.

Германскиот гигант соопшти дека не може да ја обезбеди прогноза за целата година, со оглед на неизвесноста за тоа кога може да ги отвори своите продажни места.

„Адидас“ рече дека повеќе од 70 проценти од нејзините продавници во светот во моментов се без деловни активности, а зголемувањето од 35 проценти во електронската продажба во првиот квартал само делумно го компензира ова.

Компанијата откри дека нејзината продажба во Кина продолжила да закрепнува во првите три недели од април, бидејќи нејзините продажни места во земјата започнале да работат.

„Адидас“ тврди дека има пари во износ од 1,975 милијарди долари заклучно со 31 март. На 14 април, компанијата доби државен заем за да и помогне да ја надмине кризата.

Поврзани содржини