ПРОФИТИРАА ЗАЕВИ, А ГРАЃАНИТЕ ИЗГУБИЈА Мицкоски во интервју за српската телевизија „Хепи“

Мицкоски додаде дека целта на опозицијата е да падне владата на Заев по резултатите на локалните избори, каде што Заев и СДСМ беа жестоко поразени од граѓаните.

321

Заев е премиер 52 месеца и сите проблеми во Македонија се настанати од него, он не може да биде решение на проблемите, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за српска телевизија „Хепи“

– За жал не успеавме во изгласување на интерпелацијата за недоверба на Владата и иако имавме 61 потпис, што е апсолутно мнозинство во македонскиот парламент. Но, еден пратеник се предомисли кој пред неколку дена пред интерпелацијата се потпиша на истата интерпелација за недоверба на Влада. Ние опозициските партии се обединивме и покрај нашите внатрешни разлики бидејќи имавме само една заедничка цел да падне криминалната Влада предводена од Зоран Заев – истакна Мицкоски.






Мицкоски додаде дека целта на опозицијата е да падне владата на Заев по резултатите на локалните избори, каде што Заев и СДСМ беа жестоко поразени од граѓаните.

– Заев ја најави својата оставка од претседател на СДСМ и претседател на Влада, но потоа се предомисли со изговор дека не може сега да си замине од функциите бидејќи има многу проблеми во државата кој тој треба да ги реши. Сега прашањето е дали е тоа некој нов премиер, бидејќи тој е премиер 52 месеци, ако се одземе оној период на техничка Влада кога ги украдоа изборите, тоа се неколку месеци околу 7-8, значи Заев е премиер точно околу 4 години. И овие проблеми со кои сега државата се соочува се проблеми кои настанаа од кога Заев е премиер – заклучи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Заев ги креираше сите проблеми со кои државата се соочува сега, и тој не може да биде решение на истите.

Не се знае иднината каква ќе биде кога станува збор за Зоран Заев, но ние си имаме свои планови. ВМРО-ДПМНЕ е проевропска и проНАТО партија, истакна Мицкоски.

– Дали граѓаните во Македонија со Зоран Заев живеат подобро, со сигурност не живеат подобро за жал. Дали со Заев имаме подобро образование? Не. Дали имаме подобар здравствен систем? Не. Дали имаме подобра економија? Не. За жал најлоши сме во регионот. Дали е намалена стапката на криминал и корупција во Македонија? Не, најлоши сме во Европа. И сето ова кога ќе се собере кој профитираше? Профитираше семејството Заеви кое владее денес во Македонија, а изгубија граѓаните – рече Мицкоски.

Тој се осврна и на случајот со пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи.

– Актуелната влада е позната по своето недемократско однесување, по својата подмитливост и притисоци, политички хајки. И тука треба да се одговорот во прашањето зошто пратеникот Реџепи се премисли. Јас немам такви информации, а и досега немам чуено дека некој од тие центри на моќ даде поддршка на таквите тврдења. Ќе потсетам дека денот започна со упад на Полицијата и Финансиската управа во домот на еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, и тука е сомнително како баш на денот кога треба да се гласа за доверба на владата се упадна во домот на пратеникот. Ќе потсетам дека оваа влада е истата која беше вмешана во организирање на рекет каде еден од главните ликови беше токму Катица Јанева која беше на чело на Специјалното обвинителство и луѓе блиски на партијата на премиерот Заев. Оттука што мислите колку би им било тешко да скршат еден пратеник кој на десетина часа пред гласањето од гласен критичар на власта, се исклучува и му се губи трага, за да подоцна се појави со изјава за поддршка на владата? Тој пратеник дента кога се гласаше го немаше во собранието, туку само со изјава на бел зид како на сослушување во Боливија. Но тие кои тоа го прават  треба да знаат дека нема да можат да ја скршат волјата на народот изразена на неодамнешните локални избори каде власта беше декласирана – додаде лидерот на опозицијата во Македонија.

Мицкоски смета и дека меѓународните фактори се недоволно заинтересирани за нашиот регион.

– Сметам дека треба да има поголема заинтересираност за Балканот и фактот дека едни со други подеднакво си требаме. Секој напредок треба да биде базиран на вредности и заслуги. Балканот е умерен од лажни надежи и чекање. Не смее да се загуби достоинството во предолго чекање. Одговорноста за ова е на балканските лидери, но и на Европските. Европската Унија мора да покаже флексибилност, а сите држави на балканот треба да демонстрираат кооперативност во тој процес. Не смее да се злоупотребува правото на земји членки на вето кон државите кои реално заслужуваат прогрес ниту пак да има победници и понижени. Секогаш кога на Балканот сме се вртеле кон минатото сме заглавувале, сега треба да гледаме кон иднината. Да направиме спротивно од се до сега. Да покажеме дека се грижиме со работа, отворање на нови работни места, со подобар стандард за граѓаните. Не е патриот оној кој повеќе че биде гласен со националистичка реторика туку оној кој реално ќче оствари дела за својата земја. Мора нов правец во движењето на работите, и сите ние имаме капацитет и сила за големи работи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто се осврна и на преговорите со Бугарија, за кои вели дека не очекува никакви чуда во догледен рок.

Поврзани содржини