Професорката Симона Груевска Маџоска: Да кажеш дека македонскиот јазик бил бугарски, треба да си многу необразован!

Зошто нема поостра реакција од нашата власт и до кога ќе ги трпиме овие понижувања од ЕУ е прашањето - пишува Груевска Маџоска за дипломатката и дообјаснува дека Македонија ги трпи последиците од Преспанскиот договор.

821

Професорката Симона Груевска Маџоска од Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков реагира на изјавата на португалската претставничка во ЕУ Ана Паула Закаријаш која вчера изјави дека северно македонскиот јазик бил бугарски во минатото.

– Да кажеш дека македонскиот јазик некогаш бил бугарски, треба да си многу необразован, зашто историјата и потеклото на јазиците им се познати на сите писмени луѓе. Но, зошто нема поостра реакција од нашата власт и до кога ќе ги трпиме овие понижувања од ЕУ е прашањето – пишува Груевска Маџоска за дипломатката и дообјаснува дека Македонија ги трпи последиците од Преспанскиот договор.






Северномакедонски јазик и Северномакедонци – тоа е резултат на Преспанскиот Договор. Македонски да си викаме по дома и тоа само за нешта поврзани со македонскиот народ, а не со државата, затоа сме граѓани на СМ. Тоа значи дека државата не е на македонскиот народ. До кај сме со АСНОМ и Уставот?, додава Груевска Маџоска.

Поврзани содржини