Професорката што ја откри вакцината на Астра Зенека доби барбика

Овој гест за неа бил „многу чуден“, но се надева дека ќе ги инспирира младите девојки да се занимаваат со наука, технологија, инженерство и математика, пренесува Гардијан.

483

Професорката Сара Гилберт која го предводеше развојот на вакцината на Астра Зенека против ковид на Универзитетот Оксфорд ја доби својата кукла барбика.

 






– Страсно сакам да ја инспирирам следната генерација девојки во нивната идна кариера и се надевам дека децата што ја гледаат мојата Барбика ќе разберат колку е витална науката да му помогне на светот околу нас – рече професорката..

Направени се модели во чест на другите жени ширум светот кои придонесоа во борбата за време на пандемијата, вклучувајќи ги здравствените работници Ејми О’Саливен и Одри Круз, канадскиот лекар Чика Ориува, бразилскиот биомедицински истражувач Жаклин Гоус де Исус и д -р Кирби Вајт кои создадоа фустан за повеќекратна употреба за медицинскиот персонал.

– Мојата желба е мојата кукла да им покаже на децата професии за кои можеби не се свесни, како што е вакцинолог – вели професорката.

Поврзани содржини