Професори со знаење

2,025

Македонското собрание ја усвои новата организација на владините ресори. Несомнено, дека формирањето на новото министерство за рударство, енергетика и минерални суровини дава надеж дека мандатарот, проф. д-р Христијан Мицкоски има намера сериозно да го потпира идниот економски развој на државата на индустријализацијата.

Што е фактичката состојба?






Во моментов во ЕУ бакарот е дефицитарен обоен метал, чија цена на берзите вртоглаво расте, а Македонија го има во изобилие како рудно богатство кое може да предизвика економски бум.

Индустријализацијата на источна Македонија ќе овозможи напредок во надворешната политика и трговија, ќе ја спречи демографијата и ќе го развива земјоделието, сточарството и овоштарството (лозарството пред сѐ) на цела територија и во корист на сите граѓани на Македонија.

Искористување на знаењето на најквалитетните професори со најголемо знаење за заштита на животната средина, а во исто време соработка со активистите ама оние искрените, ќе овозможи развој на образовниот систем, што ќе ја намали домашната зависност од надворешни фактори со стратегија за наредните 25 години.

Македонската економија не смее да биде жртва од оние за кои во соработка со експерти и големи познавачи на правосудниот систем ќе се докаже намерата за нанесување ненадоместлива енергетска и економска штета што рефлектира недоверба кон сите инвеститори пред сѐ странски, кои сами по себе се своевидни промотори за стабилност и сигурност за привлекување нови странски инвестиции во една земја членка на НАТО. Примерите како рудникот Казандол, хидроцентралите Луково Поле и Бошков Мост се лоша пракса.

Сите општествено одговорни чинители треба да си го поставиме прашањето: Зошто новите генерации да бидат за секогаш зависни од увоз на струја? Кој е мотивот на личностите кои се против капитални инвестиции на штета на Македонија? Дали овие личности се припадници на центри на моќ кои не се согласуваат со нашето членство во НАТО алијансата и Европската Унија?

Нам ни е потребна сериозна стратегија за искористувањето на интелектуалниот капацитет од многу универзитети и факултети, а појдовна точка во делот на заштита на животната средина пред сѐ кога станува збор за рудници, минерални суровини и тешка металична индустрија да се соработува со Технолошко-металуршкиот факултет. Професорите од овој факултет имаат разработено комплетни студии првенствено за заштита на Македонија што точно се наоѓа во концентратот металичен во моменталните и идните рудници. Тоа значи дека идната Влада, ќе може да добие чиста слика за количините со кои располага Македонија, а во исто време ќе добие и научен пристап за екстракција и обработка на следниве обоени метали: бакар, олово, цинк, алуминиум итн., но и за племенитите метали: злато и сребро, но и сокриени или неприкажани до сега во мали количини, а сепак премногу скапи и ретки метали.

Со истрошените фрази на запуштени еколошки политички аналитичари дека Европа ќе нѐ ранела и дека само од земјоделие се живее и притоа со огромна доза на злоупотреба на заштитата на животната средина, професорите на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) мудро молчат и ревносно работат. Сакам да споделам дел од нивните научно-истражувачки активности, на кои никој не смее да остане рамнодушен. Еве како се размислува за земјоделие и циркуларна економија и што значи екологија во металургијата (топење на олово и на цинк).

Во рамките на ТМФ имаше прва конференција за Цциркуларна економија во инженерството со реномирани фирми од Македонија. Значи земјоделско изненадување за екологистите:

Во лушпите од домат (патлиџан) се наоѓа ликопен, кој е веќе изолиран и со сите најнови техники на ТМФ, а објавено во референтни научно-истражувачки списанија со импакт фактор. Впрочем, еве попрофесионално: Проектот за ревалоризација на био отпад од индустријата за преработка на домати за добивање екстракти со висока комерцијална вредност е еклатантен пример за имплементација на принципите на циркуларната економија во македонската индустрија и стопанство. Тимот од Институтот  за хемиско и контролно инжинерство може слободно да добиените екстракти со висока содржина на ликопен да потврди дека се од големо значење за фармацевтската, козметичката, прехранбената индустрија.

Благодарение на проф. д-р Перица Пауновиќ, тогашниот студент Дичевски Петар со индекс број 6723 во 2016 година се сконцентрирал на темата Екологија во металургијата: Топење на олово и цинк.

Најефективната опција за спречување на загадувањето е да се избере еден процес кој вклучува пониска потрошувачка на енергија и пониски емисии. Модерното флеш-топење процес заштедува енергија, во споредба со конвенционалното синтерување и процесот во висока печка. (Од почит кон колегата Дичевски и неговиот научен труд правам голем скок)

Арсен триоксид или пентоксид е во форма на пареа поради високите температури на гас и мора да се изврши гасно ладење така што тоа понатаму може да се отстрани со хартиени филтри.

Остатоците кои се резултат на третманот се рециклираат во други индустрии како што е градежната индустрија или се отстранува во безбедносна депонија.

За разлика од некои кои до сега беа во парламентот, владата и во локалната самоуправа, јас како Виктор Грозданов знам да читам литература и да се дружам со научни работници. Мојата максима е дека секој од нас мора да почитува ако сака да биде почитуван, никогаш да не вели никогаш и нормално да е со мотото „Ај ноу гај, ху ноу гас“.

Поврзани содржини