Професори од средното уметничко реагираат дека директорот самоволно го затворил чилиштето за настава со физичко присуство
Нашето училиште има добиено дозвола за работа од страна на Комисијата за заразни болести. Сметаме дека ВД директорот Филип Фидановски неоправдано и притивзаконски на своја рака донесе таква одлука - велат професорите.
Професори од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ се револтирани бидејќи директорот го затвори училиштето за настава со физичко присуство иако како што велат имаат дозвола за тоа.
– ВД директорот на ДСУЛУД ,,Лазар Личеноски,, -Скопје (средно уметничко) самоволно реши да го затвори за настава со физичко присуство. Нашето училиште има добиено дозвола за работа од страна на Комисијата за заразни болести. Исто и музичкото училиште. Сметаме дека ВД директорот Филип Фидановски неоправдано и притивзаконски на своја рака донесе таква одлука – велат професорите.
Можеби ќе ве интересира
Според одлуката донесена од директорот, училиштето се затвора за настава со физичко присуство поради зголемен број заболени наставници и ученици од ковид-19. Препораката е од 15 март до 2 април учениците да следат онлајн настава. Училиштето повторно ќе функционира со настава со физичко присуство од 5 април.
