ПРОФЕСОРИ НЕСПРЕМНИ ДА СЕ СПРАВАТ СО РЕАЛНОСТА Министерот Сали возврати

Не можам да коментирам изјави на професори кои ги почитувам, но не се подготвени да се справат со реалноста и даваат, за жал, необјасниви и несериозни изјави кои негативно влијаат во општеството, рече Сали.

706

Не можам да коментирам изјави на професори кои ги почитувам, но не се подготвени да се справат со реалноста и даваат, за жал, необјасниви и несериозни изјави кои негативно влијаат во општеството, одговори министерот за здравство Беким Сали прашан дали, како што тврди д-р Драган Даниловски, нема протокол за лекување на ковид позитивните пациенти во болниците.

– Сите здравствени институции кои имаат хоспитализирани пациенти почитуваат заеднички протокол кој е напишан од професори од Клиниката за инфективни болести. Не знам од каде ви е информацијата дека нема протокол. Не можам да коментирам изјави на професори кои ги почитувам, но не се подготвени да се справат со реалноста и даваат, за жал, необјасниви и несериозни изјави кои негативно влијаат во општеството – рече Сали денеска по средбата со верските лидери во Скопје, на која порача: Ве молам, вакцинирајте се.

Поврзани содржини