Професор Џон Бел од Оксфорд: Вакцината против ковид-19 е ефикасна, животот до пролет ќе се врати во нормала
Потенцијалната вакцина на „Фајзер“ досега е тестирана на повеќе од 43.000 волонтери, од кои 38.955 на 8 ноември ја добија и втората доза.
Откако компанијата „Фајзер“ пред два дена соопшти дека нивната вакцина против ковид-19 е ефикасна, професорот по медицина на Универзитетот во Оксфорд, Џон Бел, изјави дека тимот на оваа фармацевтска комапанија покажал „чудесна ефикасност“ и оцени дека светот до пролет веќе може да се врати во нормала.
– Јас сум првиот што ќе го каже тоа, со самодоверба, дека животот ќе се врати во нормала до пролет – изјави Бел за Би-Би-Си.
Неговиот колега од Универзитетот во Оксфорд, професорот Питер Хорбај, потврди дека овој момент е важен и поттикнува оптимизам.
– Ми олесна кога ги видов резултатите. Ова е добар знак и ми се чини дека е пресвртница – рече Хорбај.
Потенцијалната вакцина на „Фајзер“ досега е тестирана на повеќе од 43.000 волонтери, од кои 38.955 на 8 ноември ја добија и втората доза.
Вакцината ефикасно штити од коронавирус седум дена по втората доза.
Индекс пренесува дека вакцината е темелена на иновативната технологија mRNК, која го охрабрува телото да произведе еден од вирусните протеини што генерира имунолошки одговор на коронавирусот.