Професор од Кичево делел свидетелства, наместо да седи во самоизолација

248

Одделението за внатрешни работи од Кичево поднесе до надлежното Јавно обвинителство кривична пријава против 46-годишниот Д.П. од кичевското село Осој поради основано сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, осомничениот како класен раководител во основно училиште во Кичево им ги врачил свидетелствата на учениците од класот иако потпишал изјава за задолжителна самоизолација.






Исто така, Димоски информира дека во изминатото деноноќие на подрачјето на ОВР Кичево,  констатирани се девет прекршоци за неносење лична заштитна опрема на лицето. Издадени се прекршочни платни налози за сторен прекршок.

Поврзани содржини