Професор од Германија осомничен за убиство и канибализам

Полицијата открила дека убиецот е професор по математика, кој на интернет ги пребарувал поимите „ можеш ли да преживееш ако си го исечеш сопствениот пенис“.

446

Германската полиција уапсила маж осомничен за убиство откако случајни минувачи нашле коска од жртвата на 8 ноември во парк во Берлин, пишува BBC.

Полицијата открила дека убиецот е професор по математика, кој на интернет ги пребарувал поимите „ можеш ли да преживееш ако си го исечеш сопствениот пенис“.






Осомничениот професор уапсен е откако полициски кучиња во парк пронашле човечки коски.

Форензичарите утврдиле дека остатоците од коските му припаѓаат на 44 годишник чие исчезнување претходно е пријавено во полиција.

Кучињата трагачи ја довеле полицијата до станот на осомничениот, пишуваат германските медиуми.

Полицијата за берлинскиот таблоид БЗ известила дека коските биле целосно без месо и дека постои и друг доказ кој упатува на тоа дека Стефан Трогиш бил жртва на канибал.

Осомничениот убиец, именуван само како Стефан Р, посетувал клучни форуми на интернет врзани за канибализам, јавува германската новинска агенција ДПА.

Елелтроинженерот Стефан Т. Го напуштил својот стан пред полноќ на 5 септември, а потоа неговите цимери пријавиле дека исчезнал.

Истрагата утврдила дека двајцата мажи се допишувале на геј страница за запознавање, што полицијата ја наведува дека така договориле состанок.

Осомничениот засега се брани со молчење.

Поврзани содржини