ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ И СПОСОБНИТЕ МОРА ДА ДОБИЈАТ ШАНСА ВО ПРАВОСУДСТВОТО Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судаки совет

Таа смета дека нераспуштањето на овие тела ќе значи продолжување на агонијата, едни послушни кон власта судии и обвинители, по истиот принцип како минатото, да бидат заменети со други.

440

Владата го соопшти својот став во однос на дилемата која се наметна во некои медиуми за наводно откажување од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и на Совет на обвинители.

„Во државата институциите работат согласно важечките закони и Устав. Сите документи кои произлегуваат задолжително мора да бидат во соодејство на важечките закони и Устав. Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на обвинители, што преставува реформа на овие институции за кои јавно повикавме на расправа и ќе потсетиме дека имаат под 2 проценти доверба”, вели Владата.






Таа смета дека нераспуштањето на овие тела ќе значи продолжување на агонијата, едни послушни кон власта судии и обвинители, по истиот принцип како минатото, да бидат заменети со други.

„Тоа не е нашата цел, ниту заложба. Разбираме дека од распуштањето на овие институции има многумина исплашени и загрижени, но доаѓа време на промени и шанса за професионалните и способни кадри”, брифира Владата.

Поврзани содржини