Проф. Фонтане се надева на „враќање во нормалниот живот“ кон крајот на 2021 година

Тој додаде дека несакани ефекти од вакцините се можни, но многу ретки.

434

Епидемиологот и член на Научниот совет на Франција, професор Арно Фонтане за РТЛ изјави дека по пандемијата со Ковид-19, се надева на враќање на нормалниот живот во последниот квартал од 2021 година. Но, оти за тоа „ќе треба поголема дистрибуција на вакцините“, додавајќи оти е „оптимист дека за шест месеци“ е можно вакцинирање на целото население, јави дописникот на МИА.

– Првата цел е да се вакцинираат најранливите. Втората цел е да се запре ширењето на вирусот. За ова ќе биде потребно да се допре до најмладите и да се прошири опфатот за вакцинација кај децата. Штом потврдиме дека нема сериозни негативни ефекти од вакцината, тогаш ќе можеме да ја намалиме старосната граница – посочи проф. Фонтанет.






Тој додаде дека несакани ефекти од вакцините се можни, но многу ретки.

Проф. Фонтанет посочи дека е тешко да се предвиди колку дози на вакцини ќе бидат достапни во рок од три месеци.

– Треба да можеме да вакцинираме осум милиони луѓе пред крајот на март, а потоа 12 милиони во април – истакна тој.

Епидемиологот главно инсистираше на важноста на „свеста од глобално ниво“.

– Ќе се ослободиме од вирусот само ако играме на картата на глобален здравствен проблем и вакцините ако стигнат до сите земји во светот. Во спротивно, ризикуваме да појава на нови видови на вирусот – нагласи проф. Фонтане.

Тој истакна дека вчера воведениот полициски час во Франција е последната можност за да не се воведе целосен карантин.

Поврзани содржини
na