Проф.д-р Ванчо Чифлиганец прогласен за Личност за 2019 година од страна на новинарите од Истокот 

Како бизнисмен, спортист, филантроп сметам дека слободата на изразување, на комуникација и на информираност има огромно влијание врз развојот на демократијата. А наградите покрај чест се и одговорност и поттик на нешто што е направено да се развива и продлабочува и секој според потенцијалот и можностите да придонесе во развојот на државата. Сигурен сум дека можеме повеќе од она што досега сме го дале - порача Чифлиганец.

1,083

Кога ќе се рече проф.д-р Ванчо Чифлиганец, веднаш се мисли на личност чија судбина е да прави успех. Успех кој е од огромно значење за локалната, за регионалната заедница, за државата – со овие зборови регионалниот центар на новинарите од Источна Македонија, во склоп на ЗНМ, на свеченост во Берово под наслов „Ноќ на источните оскари“, му додели признание на проф.д-р Ванчо Чифлиганец за личност за 2019 година, кој со своето дело придонел за афирмација и подигнување на угледот на регионот на национално ниво.

– Верувам во својата држава и сакам да инвестирам и да создаваме добри дела, а признанијата само ја потврдуваат мојата заложба и посветеност. Искрено му се заблагодарувам на Здружението на новинари од Источниот регион што ми го доделија ова признание. Особено сум почестен што доаѓа од новинари од Источна Македонија, од каде што и јас потекнувам, каде што сум се изградил како личност и сум ги доживал првите големи успеси како стопанственик, најмлад директор на рудникот „Бучим“, кој во деведесетите ги доживеа златните времиња, како спортист и како прв човек на Боречката федерација, кој ја однесе Македонија на врвот, освојуваќи европска и светска шампионска титула. Како пратеник биран во два мандати од народот. Како бизнисмен и прв човек на Адора инженеринг, компанија која постави нови стандарди и искачува нови скалила во градежништвото во високоградбата, филантроп, човекољубец, финансиер во спортот, културата, образованието. Сето ова новинарите го препознаа, а тоа за мене има посебно значење, бидејќи тие се гласот на народот во секое општество. Како бизнисмен, спортист, филантроп сметам дека слободата на изразување, на комуникација и на информираност има огромно влијание врз развојот на демократијата. А наградите покрај чест се и одговорност и поттик на нешто што е направено да се развива и продлабочува и секој според потенцијалот и можностите да придонесе во развојот на државата. Сигурен сум дека можеме повеќе од она што досега сме го дале – порача Чифлиганец.






Во краткото видео подготвено од новинарите од Истокот, во кое се претставени успесите на проф. д-р Ванчо Чифлиганец и неговата улога во афирмацијата и развојот на источниот регион, се вели дека е личност, кој воден од слоганот „Само делата се вистина“ во изминативе 18 години изгради една од најбрзорастечките и најуспешните компании во Македонија, предводник во имплементацијата на иновации, светски стандарди и современи трендови на квалитетно домување. Околу 13.000 граѓани и ја додоа довербата на Адора инженеринг, што за тимот на компанијата значи гордост, но и одговорност. Тоа е еден мал град на Адора. Потврда за успесите се освоените 7 интернационални награди и над 40 национални награди, за општествена одговорност, за енергетска ефикасност, за квалитет. Последниве години проф.д-р Ванчо Чифлиганец како акционер влегува во неколку домашни компании и во финансискиот сектор со што станува најголем акционер во една од најголемите и најсигурните банки во земјава, Комерцијална банка. Тој е голем филантроп, донатор, човекољубец, финансиер во спортот, во културата, образованието за што досега има издвоено над 5 милиони евра.

На свеченоста во Берово, новинарите од Источна Македонија, по шести пат им доделија признанија на истакнати личности од бизнисот, науката, културата, спортот, невладиниот сектор.

 

Поврзани содржини