Проект за комисиска расправа за слави и имендени

Не може владата да расправа за славите и за имендените, без расправа во соодветни комисии и на меѓукомисиски состаноци, како и без панел дискусии.

1,033

„Владата ќе расправа за славите“.

Не можи туку така, прво треба да се оформат Комисија за посни слави и Комисија за мрсни слави, со подкомисии за летни и зимски слави. После то треба да се оформи Комисија за слави на малцинските вероисповеди.






Битни точки за разгледување се:

– Дали законски да се одреди задолжителни присуство на кумот на славата освен ако не е спречен, или може да се замени со некој од другите поблиски роднини (искуството од српското правосудство на темата вели „што е Бог на небото, то е кум на земјата“, но англосаксонското право е помеко во по ова прашање).

– Консултации со Европската унија и прилагодување на нашите правни рамки за седење на слава или именден со нивните.

– Физибилити студија дали на летна слава, која може да се одржи на отворено, може да има повеќе гости од четворица до соодветна дистанца на Миле од Водовод и Ѓоре од Шумското, кои се во лоши односи и ко ќе се напијат се тепаат.

– Толкување и јавна расправа во која ќе бидат вклучени домаќините на летни слави и имендени.

– Забрана за носење вино што сте го добиле на слава на друга слава, поради можноста ковид-19 да се пренесува преку тоа шише преку контакт со рацете.

– Забрана за посен кашкавал, затоа што ковид-19 се лепи на пластика.

– Научна студија на МАНУ дали ако музиката доаѓа од друга соба во која е над 55 децибели, а гостите се во друга соба во која поради далечината гласноста е под 55 децибели, е законски прекршок.

Сето ова треба да се разговара во погореспоменатите комиси, по што ќе се одржат меѓукомисиски состаноци и панел дискусии, пред да дојде на ред во Собрание, по што короната ќе е пет месеци помината.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини