Данчо (Јорданчо) Чевревски дипломирал на ФДУ во Скопје на отсекот за драмски актери. Актерство на филм усовршувал на Универзитетот УКЛА во Лос Анџелес, САД. Бил и декан на ФДУ.
Глумел во десетици македонски и југословенски филмови: 1975 АТЕНТАТ ВО САРАЕВО, актер, игран, Јадран филм Загреб, Кинема Сараево, Центар ФРЗ Белград, Студио Барандов Прага; 1981 ДОРОТЕЈ, актер, игран, ЦФС Кошутњак Авала филм Београд; 1981 ИЗЛЕТ ВО ТОПОЛА (PIKNIK U TOPOLI), актер, игран, РЗСФР Филм 80 Београд, Арт филм Београд, Унион филм Београд, Морава филм Београд, Инекс филм Београд; 1983 ИГМАНСКИ МАРШ, актер, игран, Центар филм Београд; 1983 ГОЛЕМИОТ ТРАНСПОРТ (VELIKI TRANSPORT), актер, игран, Неопланта филм Нови Сад, Sherwood Production и Инковент Лос Ангелес, Lanterna Editrice Рим; 1984 ОПАСНА ТРАГА (OPASNI TRAG), актер, игран, Центар филм Београд, Зета филм Будва, Виба филм Љубљана, Македонија филм, Вардар филм; 1986 ДОБРОВОЛЦИ (DOBROVOLJCI), актер, игран, Зета филм Будва, Дунав филм Београд, ТВ Титоград; 1990 СТАНИЦА НА ОБИЧНИ ВОЗОВИ (STANICA OBIČNIH VOZOVA), актер, игран, Центар филм Београд, ТВ Сараево…
Чевревски ќе биде запаметен и по неговите улоги во филмовите од понов датум:„Панкот не е мртов“ (2008) на Владимир Блажевски, „Деца на сонцето“ (2014) на Антонио Митрикески, „Втора шанса“ (2019) на Марија Џиџева, а како еден од основачите на продукциската куќа „Триангл“ ги продуцирал и филмовите на Столе Попов, „Џипси меџик“ (1997) и „До балчак“ (2014).
Добитник е на повеќе награди: 1978 година – Годишна награда на весникот МЛАД БОРЕЦ – Скопје / „Најдолгиот пат“; 1981 – Сојузна награда Седум секретари на СКОЈ / „Црвениот коњ“; 1987 – Годишна награда за најдобро актерско остварување на ревијата ЕКРАН – Скопје / „Хај-Фај“