ПРОДОЛЖУВАМЕ СО РАБОТА Од „Ист Гејт“ велат дека обезбедени се сите безбедносни мерки

Надлежните служби вршат увид во моментов на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22 часот, информираат од „Ист Гејт“.

361

Во врска со инцидентот кој се случи денес во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во 15 часот, би сакале да ја информираме јавноста дека трговскиот центар, по обезбедување на сите потребни безбедносни мерки, продолжува со нормална работа по обезбедени мерки за тековна оператива, информираат од трговскиот центар.

„Се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар. Надлежните служби вршат увид во моментов на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22 часот. Трговскиот центар е обезбеден со соодветно физичко обезбедување и технички системи за безбедност и мониторинг наменети за обезбедување на сигурноста и безбедноста на посетителите“, наведено е во соопштението.






📷 ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ПРЕСТРЕЛКАТА ВО „ИСТ ГЕЈТ“, ЕДНИОТ Е ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА Дали е повторно вмешан Раде Трајковски-Штекли?

Поврзани содржини