Продолжуваат преговорите СДСМ-ДУИ за парламентарно мнозинство и влада

Двете партии информираа  дека по утврдувањето на коалициските принципи и определби, преговарачките екипи работат на хармонизација на изборните програми на двете партии во предлог програма за работа на евентуалната идна Влада.

492

Генерални секретари на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Демократската унија за интеграција ги продолжуваат интензивните консултации и работата на постигнување коалициски договор меѓу Коалицијата „Можеме”, предводена од СДСМ и ДУИ за формирање нова влада со четиригодишен мандат.

Двете партии информираа  дека по утврдувањето на коалициските принципи и определби, преговарачките екипи работат на хармонизација на изборните програми на двете партии во предлог програма за работа на евентуалната идна Влада.






Започна и процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција како и на „предлозите за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри, кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат“, соопштија СДСМ и ДУИ.

 

Двете партии потенцираат дека единствени точни информации околу консултациите се оние добиени од официјалните партиски лица вклучени во преговорите.

 

ДУИ од своја страна соопшти дека разговорите за формирање владина коалиција со СДСМ се одвиваат на различни партиски нивоа, изарувајќи уверување дека ќе дојдат до конечен договор и Влада со целосен четиригодишен мандат, која ќе биде изгласана во Собранието, ќе им служи на сите граѓани подеднакво и ќе продолжи партнерството со евроатлантските сојузници.

Консултациите меѓу двете партии, започнаа откако во четвртокот шефот на државата Стево Пендаровски му го додели мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на својот став дека врачувањето на мандатот на Заев од страна на претседателот Пендаровски било противуставно.

 

Партискиот портпарол Димче Арсовски вчера на прес-конференција најави дека размислува за поднесе иницијатива за испитување на уставноста на постапката на шефот на државата.

– Секогаш кога ќе биде прекршен Уставот, Уставниот суд е должен да излезе и да го заштити Уставот, така што размислуваме за уставна иницијатива и многу набрзо ќе се знае конкретниот чекор во однос на поднесување на истата – нагласи Арсовски.

Поврзани содржини