ПРОДОЛЖУВА ТОПЛОТО ВРЕМЕ Температурите оваа недела ќе достигнат 39 степени
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во вторник, кога во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Времето утре ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат во интервал од 13 до 39 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат во интервал од 17 до 39 степени.
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во вторник, кога во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.