ПРОДОЛЖУВА СО ОДЛИЧНАТА ФОРМА Димитриевски и по три кола е најдобар голман во Ла лига (ФОТО)

Репрезентативниот голман беше одличен и на мечот против Гранада кој неговиот Рајо Валјекано го доби со 4-0 и ја забележа првата победа во новата сезона.

393

И по три одиграни кола во шпанската Ла лига, македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски останува најдобар меѓу „чуварите на мрежата“ во ова првенство.

Тој беше одличен и на мечот против Гранада кој неговиот Рајо Валјекано го доби со 4-0 и ја забележа првата победа во новата сезона.






Димитриевски досега во шампионатот на Шпанија собра 15 одбрани на три меча со што е најуспешен во овој статистички податок.

Веднаш зад него голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа со 10 одбрани, додека на третата позиција е Матијас Дитруо од Селта со исто така 10 одбранети удари.

 

Поврзани содржини