Постои сомнеж дека актерката Наја Ривера била онеспособена пред да се удави, известила полицијата, бидејќи се претпоставува дека актерката е мртва.
Наја исчезна во средата, откако пловеше со бротче со својот четиригодишен син Џос на езерото Пиру, Калифорнија, а во тек е голема потрага.
Полицијата не ја исклучува можноста дека Наја ја удрила главата пред да падне во езерото.
– За жал, сè додека телото не се појави, дефинитивно нема да знаеме што, всушност, се случило со неа, без разлика дали станува збор за медицински проблем или таа имала некоја траума, односно удар пред да потоне под водата – рекол Мигел Гонзалез, шериф на округот Вентура.
– Како и во секоја истрага, така и тука ќе ги испитаме сите теории и ќе направиме токсиколошки наоди за да се утврди точната причина за смртта – нагласил шерифот.
Потрагата во северната половина на езерото Пиру е комплицирано поради многу слабата видливост во водата.
– Има многу дрвја и растенија под водата за кои телото може да се заглави. Исто така, таквото дно е небезбедно и за нуркачите. Потрагата може да трае неколку недели. Но, ако телото е заплеткано, можеби нникогаш нема да го пронајдеме – соопштила полицијата.
ФОТО: Инстаграм