„ПРОДОЛЖУВА ХОРОРОТ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА“ Пред неколку дена угинала млада бремена мајмунка, а Скопје ЗОО сѐ уште не кажува?!

Пред неколку дена почина млада женка мајмун од врската сијаманг. Се работи за трудна женка, важи за еден од најретките заштитени видови на мајмуни во Светот. Додека директорот Попов и неговиот Заменик со овластување Стаменов (истиот кој закла коњи и има кривична пријава) молчат, Данела Арсовска на мое прашање на интервју умешно ги браненеше овие двајца кои Скопје ЗОО ја направија куќата на стравот, напиша членот на Советот на Град Скопје, Стефан Кирков, во својата објава на социјалните мрежи.

526

Членот на Советот на Град Скопје, Стефан Кирков, на социјалните мрежи напиша објава во која вели дека хоророт во Скопската зоолошка градина и натаму продолжува.

„Пред неколку дена почина млада женка мајмун од врската сијаманг. Се работи за трудна женка, важи за еден од најретките заштитени видови на мајмуни во Светот. Додека директорот Попов и неговиот Заменик со овластување Стаменов (истиот кој закла коњи и има кривична пријава) молчат, Данела Арсовска на мое прашање на интервју умешно ги браненеше овие двајца кои Скопје ЗОО ја направија куќата на стравот“, напиша тој во својата објава.






Мајмунката, според моите неофицијални информации – вели тој – е тајно носена и во приватни ветеринарни ординации и до овој момент Скопје ЗОО крие.

„Ќе има ли крај на ова? Ги охрабрувам новинарите да го испитаат ова, дека нашата зоолошка пропаѓа, а некој и натаму не поднесува одговорност“, истакнува Кирков во објавата на социјалните мрежи.

Поврзани содржини