Продолжување на кризната состојба, предлага Групата за процена

278

Владината Група за процена денеска едногласно реши да предложи од  Управувачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата да достави предлог до Собранието за продолжување на кризната состојба на територијата на  Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест ковид-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, соопшти ЦУК.

Истовремено, со тој предлог придружно оди и предлогот институциите во Системот за управување со кризи (СУК) да продолжат со активностите согласно за Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест ковид-19 предизвикана од вирусот SARS-CоV-2, што е донесен на Втората седница на Главниот штаб за управување со кризи, од прогласувањето на кризната состојба што се уште трае.






Владината Група за процена под раководство на Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), денешната седница ја одржа преку видеоконференциска врска, а на неа  учествуваа и националниот советник за безбедност на претседателот на државата, којшто учествува повремено покрај законски определените членови на Групата: директорите на Агенција за национална безбедност, на Биро за јавна безбедност, на Агенција за разузнавање, раководителот на Служба за воена безбедност и разузнавање во Министерство за одбрана, заменик началник на Генералштабот на АРСМ, замениците директори на ЦУК и на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) и директор на ДЗС.

 

Поврзани содржини