📽️ 📷 ПРОДОЛЖУВА БИТКАТА СО ПОЖАРОТ ВО ЈАСЕН Успешно изгасната една линија, теренот останува критичен, вели Ангелов

Од воздух дејствуваат еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

66

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на армијата и полицијата заедно со екипи на ЈП „Јасен“. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Фото: ДЗС





– Една линија на пожарот која се протегаше исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума – вели Стојанов.

Фото: ДЗС

Потенцира дека борбата со огнот на моменти е ризична поради што сѐ уште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен.

Воедно, информира дека пожарот над село Свиларе е целосно изгаснат, додека пожарот на територијата на село Радуша сѐ уште е активен и се движи кон општина Јегуновце.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини