Продолжи тргувањето со акциите на „Реплек“, акционерите одложено ќе расправаат за работата на менаџерскиот тим
Претходно Македонска берза го запре тргувањето со акциите на „Реплек“ во исчекување на одлуките од Собранието.
Македонска берза го продолжи тргувањето со акциите на „Реплек“, откако од компанијата информираа дека седницата на собранието на акционери одржана вчера ќе продолжи на 22 април.
„Во врска со привремениот прекин на тргување со акциите на „Реплек“ известуваме дека издавачот изврши објава на одлуките од собранието на акционери преку СЕИ-НЕТ, по што продолжи тргувањето со обичните акции издадени од „Реплек“, стои во известувањето од Берзата.
„Реплек“ претходно ги објави одлуките донесени на вчерашното собрание на акционери со назнака дека дополнително ќе се расправа за работата на менаџерскиот тим. и избор на нови членови.
„Се продолжува седницата на Собранието одржана на ден 08.04.2021 година во врска со точка 1
(Разгледување на годишниот извештај за работењето на Друштвото за период јануари декември
2020 година, усвојување на извештајот и одобрување на работата на Управниот одбор ) и точка 6
(Извештај за работењето на Надзорниот одбор на Друштвото за 2020 година, усвојување на
извештајот и одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор ) од дневниот ред за
отповикување и избор на нови членови“, соопштија од „Реплек“
Продолжението на седницата е закажано за 22 април.