ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА КАМАТИТЕ НА ДЕПОЗИТИТЕ Во октомври каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесувала 2,14%
Во октомври просечната камата на новопримените кредити изнесувала 4,49% со годишен пад за 0,32 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесувала 2,34% и на годишна основа бележи пад од 0,50 п.п.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа годишен раст од 0,13 п.п., при што таа во октомври изнесувала 2,20%. Кај кредитите просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,56 п.п. и изнесувала 4,82%, покажуваат податоците на Народната банка.
Според овие податоци, во октомври просечната камата на новопримените кредити изнесувала 4,49% со годишен пад за 0,32 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,34% и на годишна основа бележи пад од 0,50 п.п.
Во октомври, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е непроменета на месечна основа и изнесувала 2,14%. Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е зголемена за 0,12 п.п.
Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во октомври изнесувала 5,21% и е намалена за 0,45% на годишно ниво. Притоа, промената се должи на падот на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута.
Овој месец, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор забележа раст од 0,19 п.п и изнесувала 2,61%. Промената е резултат на повисоките каматни стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула.
Во октомври, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,66 п.п . од ланската во исто време и изнесувала 4,43%.