Продолжи потрагата по момчето кое исчезна во Преспанско Езеро
Момчето заедно со двајца другари се возело на педалинка, по што му се губи трагата.
Утринава продолжи потрагата по 16-годишното момче кое исчезна во водите на Преспанското Езеро во Претор.
Синоќа потрага по момчето привремено прекината поради временските услови.
Нуркачките екипи од Охрид вчера цел ден трагаа по телото на 16- годишното момче од Ресен.
Момчето заедно со двајца другари се возело на педалинка, по што му се губи трагата.
Сѐ уште не е познато како се случила несреќата.