ПРОДОЛЖИ ДА ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА РЕК Осломеј утрово е вратен на мрежа

106

РЕК Осломеј од утрово е повторно на мрежа. Термоелектраната е во функција и произведува електрична енергија, информираат од АД ЕСМ.

Во моментов, сите функционални капацитети на АД ЕСМ се во погон и испорачуваат електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем.






„Стручни лица од производителот од Турција, се во РЕК Битола и заедно со вработени во комбинатот интензивно работат на монтажа на трансформаторот на Блок 3“, известуваат од АД ЕСМ.

Од компанијата потенцираат дека произведената струја во АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи.

Поврзани содржини